„Џифони патува“ со филмски проекции во Велес

19.05.2018 | 12:25
Прочитано: 1553

Четиринаесет млади од Македонија летово ќе учествуваат на најголемиот светски филмски фестивал за деца и млади Џифони во Италија. Тие ќе бидат селектирани преку работилниците кои Џифони Македонија ги организира низ земјава. Една од нив е 18 годишната прилепчанка Анастасија Бошкоска. Во проектот Џифони е веќе петта година, но летово прв пат ќе замине во Италија.

„Фестивалот покрај тоа што е забавен е и едукативен и зато веќе пет години сум дел од него. Претходно учествував како дел од жирито на децата, а од минатата година станав волонтер сооглед на моето полнолетство и годинава ме избраа да одам на фестивалот во Италија“, вели Анастасија Бошкоска – студент на ФДУ

Македонската канцеларија на Џифони викендов е во Велес. Стотина ученици од овој град дебатираа за двата филма кои ги погледнаа, а чија тема се токму проблемите со кои тие се соочуваат. Од нивната активност ќе зависи дали ќе успеат да станат дел од 48то издание на фестивалот Џифони, на кој учествуваат околу две илјади млади од преку 50 земји од цел свет. Неговата цел е преку дебати на темата од прикажаниот филм да се развие креативниот потенцијал кај младите луѓе. А него го поттикнуваат и огромниот број светски филмски ѕвезди кои, во текот на одржувањето на фестивалот, секојдневно доаѓаат во овој мал град на југот на Италија.

„Минатата година имавме девојка која имаше попладневна средба од два часа и дружење со Еми Адамс. Пред пет години негде наше девојче му постави интересно прашање  на Никола Скејч што тој беше инспириран за во секое интервју ја спомнуваше Македонија дури и во официјалниот финален спот на Џифони“, вели Дарко Башески – извршен директор на „Џифони Македонија“

Овој фестивал често успевал да ги насочи младите да ја одберат професијата кој им лежи. Затоа, од Џифони Македонија најавуваат уште еден проект, преку кој на заинтересираните од земјава ќе им понудат информации за сите стипендии за студирање во странство, кои досега во најголем дел не се доделуваат, поради неинформираност на младите.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.