„Дигиталната ера и жената“ во организација на ВИП

08.03.2018 | 18:24
Прочитано: 2659

Дигитализацијата придонесува за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот, беше речено на денешната конференција „Дигиталната ера и жената“, организирана од телекомуникациската компанија Вип.

Учесниците на конференцијата кои беа од различни сектори се запознаа со светските трендови во развојот и употребата на дигиталната технологија.

Извршниот директор на Вип, Мислав Галер рече дека Вип освен што ги имплементира светските трендови од дигиталните технологии како компанија води сметка за родовата еднаквост.

Во тој контекст и Вип како компанија е доказ за родова еднаквост па така од вкупно 1100 вработени 50% се жени, од кои 46% се на менаџерските позиции во компанијата. Тоа го поставува Вип на самиот врв во земјата, кога е во прашање еднаквоста на половите во деловниот свет. Свое обраќање имаа и Елена Панова, маркетинг директор на ВИП и Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.