„Амстердамска ноќ“ во Скопје

16.12.2017 | 21:55
Прочитано: 16420

Црвени фенери и провокативни девојки во излози..Булеварот Св. Климент Охридски во Скопје вечерва сјаеше во стилот на  Црвената улица во Амстердам.  Инспирирани од амстердамскиот слободарски дух и толерантен став кон сексуалната работа, организаторите на овој перформанс, велат дека целта е да се разбие стигмата за овие работници.

„Еден уметнички перформанс со цел на Скопјани да им го доближиме шармот на улицата на Црвените фенери во Амстердам.“ - изјави Борче Божиновски претседател на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.

„Пораката како и секоја година е иста, а тоа е дека насилствот врз сексуалните работници треба да престане.“ - изјави Драгана Дрнаревска  Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“

Секоја од девојките со свој перформанс го мамеше вниманието на минувачите. Настанот се одржа во пресрет на Меѓународниот ден за борбата против насилството врз сексуалните работници, а целта е, како што велат, да се опипа пулсот на јавноста за ова прашање. Сепак, иако ги имаше во голем број, граѓаните не сакаа јавно да зборуваат за настанот, ниту за идејата, дали вакво нешто би сакале да постои  во нивниот град..

Организаторите потенцираат дека преку овој перформанс,  сакаат да направат јасна дистинкција меѓу сексуалната работа и трговијата со луѓе. Посочуваат дека во Македонија има голем број на сексуални  работници, но скриени, и стигматизирани од околината, а поради тоа трпат насилство кое не можат да го пријават. За поголеми права и заштита од државата, сексуалните работници утре, по 10ти пат,  ќе ја организираат и  традиоционалната парада на црвените чадори.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.